ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните на подрачјето
на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година
- Опис на јавниот повик
1.1. Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.
1.2. Средствата што општина Охрид ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
1.3. Доделувањето на средствата ќе се врши по принцип “прв купен велосипед“ во периодот од 13.05.2020 год. (од датумот на објавувањето на првиот повик) па се до денот на завршување на повикот.
- Право на учество на Јавниот повик
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Охрид, кои ќе купат нов велосипед од било кој продажен салон во нашата држава, од денот на објавување на јавниот повик, се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 10 работни дена од објавување на повикот.
- Услови што треба да ги исполни барателот
Барателот треба да ги исполни следниве услови:
- да е жител на општина Охрид
- досега да нема искористено субвенција за купување на велосипед
- новиот велосипед да е купен во Рапублика Северна Македонија со датум од 13.05.2020 год. односно од денот на објавата на првиот повик па се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик за тековната година, но не подоцна од 10 работни дена од објавување на вториот повик
- Начин на пријавување на Јавниот повик
4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до општина Охрид треба да достави:
– Барање за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на општина Охрид или да се обезбеди од интернет страницата на општина Охрид: (www.ohrid.gov.mk),
– Доказ за жителство во општина Охрид, со доставување фотокопија на важечка лична карта на барателот,
– Копија од трансакциска сметка на барателот,
– Изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед,
– Оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 13.05.2020 год. односно од денот на објавата на првиот повик па се до исцрпувањe на буџетот наменет за Јавниот повик за тековната година, но не подоцна од 10 работни дена од објавување на вториот повик.
4.2.Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед.
4.3. Барањата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
4.4. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди“.
4.5. Архивата на општина Охрид примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
- Начин на спроведување на Јавниот повик
5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година.
5.2. Комисијата е должна да ги разгледа сите барања за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди кои се доставени во периодот на времетраењето на објавениот повик.
5.3. Доделувањето на средствата ќе се врши по принцип “прв купен велосипед” во периодот од 13.05.2020 год. па се до денот на завршувањето на вториот јавен повик за оваа намена.
5.4. Рангирањето на прифатените барања ќе се врши според датумот на купување на велосипед (датум на фискална сметка) се до исцрпување на предвидениот буџет за оваа намена.
- Начин на остварување на правото на надоместок
(1) Градоначалникот на општина Охрид врз основа на Предлогот на комисијата носи решение за одобрување на Барањата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипед.
(2) Комисијата ги известува барателите кои не ги исполниле условите согласно Јавниот повик за одбивање на барањето.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ ВО 2020 ГОДИНА
Б А Р А Њ Е ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕД ВО 2020 ГОДИНА
ИЗЈАВА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ ВО 2020 ГОДИНА