Врз одснова на член 34 од Статутот на општина Охрид и член 50 од Законот за Локална самоуправа а со цел подобрување на условите за работа на Здружението на граѓани , фондациии другите невладини организаци,и градоначалникот на Општина Охрид објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ
СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНАТА БЕЗ НАДОМЕСТОК
- Предмет и цел на повикот
Општина Охрид, со цел подобрување на работата на невладините органнизации , здруженијата на ѓраѓани и фондации има намера, без надоместок да им отстапи користење на деловни простории како придонес за подобрување на квалитетот на работење на истите.
За та цел се повикуваат сите правни субјекти основани согласно Законот за здружениа на граѓани со регистрирана дејност, вршење на опшествени и хуманитарни активности а кои не асполагаат со сопствен или регулиран статус на работни простории да се пријават на наведениот повик.
- Право на учество на повикот
Право на пријавување на повикот имаат сите заинтересирани правни субјекти од ваков вид со седиште на подрачјето на Општина Охрид.
- Потребни документи
Во прилог на својата пријав се должни да достават уредна докумнтација за регистрирана дејност (ДРД образец) со соодветен опис на своите ативности и реализирани проекти во изминатите три години.
- Рок на пријавување
Повикот трае до 15.09.2020 година.
Пријавите да се доставт на адреса:
Општина Охрид “Димитар Влахов” 57
6000 Охрид, Република Северна Македонија
Со назнака – По Јавен повик за пројавување интерес за користење на деловни простории сопственост на општината без надоместок
- Процес на постапување
Општина Охрид по утврдување на интересот во утврдена законска постапка ќе изврши согледување на потребите и доделување на просториите кои во моментов не се во функција на вршење на редовната дејност на општината.