Здружението „За Трпејца со љубов“ најавува дружба на неколку уметници од Охрид и Скопје.
– Идејата ни беше како и минатата година и оваа во Трпејца да организираме Меѓународен уметнички камп, но Ковид -19 ни ги смена плановите, сепак не успеа да ја одложи колонијата, таа ќе го задржи континуитетот, вели уметникот Ѓоко Симјаноски, кој по трет пат ќе учествува и годинава ќе раководи со колонијата.
Трпејца е повеќе од податливо место за инспирација и уметност, а на листатата на учесници покрај Симјаноски се и Наташа Попоска – Карче и Хава Реџепи, двете од Охрид и Ристо Андреев и Горан Јованов од Скопје.
Со силна поддршка за колонијата свое симболично, но драгоцено учество ќе имаат и познатите уметници Ставре Димитров – Стадим и Живко Поповски – Цветин кои со децении се дел од слични уметнички колонии ширум земјава.
Традиционално – уметниците ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со мештаните.
Уметничката колонија и годинава ќе се одржи под покровителство и со финансиска поддршка на Општина Охрид.