ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА БАСКЕТ ИГРАЛИШТЕТО ВО НАСЕЛБА „ЦРНОГОРЦИ“

Во завршна фаза е изградбата на  Баскет игралиштето   што го градат  општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија. Игралиштето е сместено во делот за млади и спорт и е   со димензии 22м на 22м и површина од 422 м2. На него е поставена  специјална подлога за играње кошарка,  рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи.

Игралиштето е  наменето за спорт и рекреација на жителите од населба „Црногорци“. Општина Охрид  во иднина планира  овој дел на градот да го разубави и со останати спортски содржини.