До кога несовесните граѓани од непотребната покуќнина и градежен шут ќе се ослободуваат секојдневно фрлајќи ги на јавни површини и локации кои се слика на нашиот град?
Секое утро паркинг просторот кај Горна Порта е претворен во мини-депонија . Сликите доволно зборуваат за нивото на еколошка свест на оние кои од својата покуќнина, градежен шут и зелен отпад се ослободуваат на овој начин. Оваа црна точка подолг временски период претставува проблем за Ј.П.„Охридски Комуналец„ и за таа цел e поставена и информативна табла за забрането депонирање на ваков вид отпад, но изгледа и таа е невидлива за прекршителите на Законот за јавна чистота.
Локацијата е исчистена, сиот отпад подигнат, но до кога? За надмининување на проблемот и санкционирање на прекршителите се планира поставување на видео надзор.