Во координација со локалната самоуправа денес Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведе акција за чистење на просторот помеѓу кампот Љубаништа и реката Черава, простор кој изминативе два месеци беше злоупотребен од дивите кампери.
Сликите доволно зборуваат и немо сведочат за деградираниот простор и количеството отпад коe зад себе го оставија.