Влезе градоначалникот и руши, отстранува објекти, и продолжува да руши, зголеми буџет, се јави фирма извршител, руши ги гледаме секој ден како руши, не можеме да бидеме до крај задоволни, има се внатре и закани и се, не треба да се плаши, прво има систем кој ќе го заштити, второ ако се плашиме да не се нафаќаме на работите, рече премиерот Зоран Заев во вчерашнното гостување на МТВ.
„Значи Коста, градоначалникот на Охрид дејствува, се надевам дека и градоначалникот на Струга ќе дејствува. Општините се независна власт, ние сме тука да им помогнеме и да асистираме, еве ја О. Чаир даде решение, заклучок, бараше фирма не можеше да најде фирма, индициите викаат дека некој ги заплашува фирмите, ок ги заплашува, државата има право по Закон да ја даде бесплатно својата државна фирма Македонија пат која што ќе му асистира, рушењето го спроведе О. Чаир“, рече Заев.