Одржувањето на јавната чистота на јавните површини и отворени простори заради обезбедување на здрава и чиста животна средина е приоритет во нашите секојдневни и вонредни активности. По завршувањето на екот на туристичката сезона екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за рачно чистење на гумите за џвакање од охридската чаршија. Активностите се реализираа од раните утрински часови за да се избегне френквенцијата на движење по чаршијата, како и заради пониските температури кога гумите полесно се отстрануваат од плочникот.