Македонската фудбалска репрезентација бележи напредок од две места на најновата ФИФА ранг листа. Со победата над Ерменија со 2-1 и нерешениот резултат 1-1 на гостувањето кај Грузија, во новата сезона од Лигата на нациите, и донесоа прогрес на Македонија на 66-то место на ФИФА ранг листата. Вистинскиот предизвик за нашите фудбалери е во месец октомври кога најнапред на 8-ми во Скопје ќе го играат полуфиналниот бараж дуел против Косово за пласман на Европскиот шампионат, по што ќе следуваат и нови две средби во Лигата на нациите. Инаку косовската репрезентација педесет места послабо рангирана (116-та) на нашата селекција на ФИФА листата.
Целата ранг листа објавена е на следниот линк:
https://www.fifa.com/fifa-world-ranking/ranking-table/men/