СЕ ОДРЖА 47-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Советот на општина Охрид, денеска ја одржа 47-та седница на која беа предложени две точки на дневниот ред.

Советниците ја усвоија Предлог- Програмата за измена на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година, а исто така беше поддржана и Предлог- Одлуката за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2020 година.

Усвоените точки се во прилог на подготовката на општинските основни и средни училишта во пресрет на новата учебна година, согласно протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“.