Ракометниот клуб од Охрид вечерва ја извести јавноста дека еден од нивните ракометари е позитивен на Ковид19 на последното тестирање.
Со тоа се зголемуваат проблемите и за македонскиот ракомет доколку вирусот зема поголем замав во следниот период.
Клубот од Охрид најави дека од утре ќе спроведува нови тестирања, со цел да бидат сигурни дека ќе го изолираат единствениот случај во своите редови.
Претходно со вакви проблеми се соочија уште и клубовите на Струга, Радовиш и КЛ7.