ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МИРОТ

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци, денеска во Охрид беше одбележан 21. Септември, Меѓународниот ден на мирот.

На пригодната свеченост, присуствуваше делегација на општина Охрид, составена од советниците Елеонора Куноска и Димитар Манчев, како и делегација на општинската организација на Сојузот на борци, претставници на други здруженија и граѓани.

Поради почитување на протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“, годинава изостана одржувањето на традиционалниот „Марш на мирот“.