ЈП Билјанини Извори како правен субјект кој стопанисува со одлука на Советот на Општина Охрид со едниот дел од каналот Студенчишта ја известува јавноста и сите наши закупци на сидришни места дека настанатите кражби кои се случија во изминатиот викенд при што беа украдени пенти и еден таблет од неколку пловни возила кои беа усидрени кај каналот Студенчишта не се во делот со кој ние стопанисуваме.
ЈП Билјанини Извори во изминатиот период посвети и тоа како време и финансии во осигурувањето на безбедноста и сигурноста на пловните возила кои се усидрени на делот со кој ние стопанисуваме при што беше инсталиран и 24 часовен видео надзор.
Стоиме на располагање на СВР Охрид околу прибирање на што повеќе информации за што побрзо расветлување на случаите и пронаоѓање на крадците.