За „рибарите“ ова е трето реми на гостински терен и трето со резултат 0-0. Охридските „сино бели“ комплетно го заслужија бодот со добра и организирана играт во текот на целиот натпревар.
Велазерими теренската иницијатива ја стартот од мечот ја валоризираше со два директни удари кон голот. Но два пати на место беше охридскиот голман Никола Симоновски. Кичевлани се заканија уште еднаш, но охриѓани на време ја расчистија опасноста.
Пред крајот на првиот дел, Охрид преку Александар Целески ја имаше најзрелата прилика, Офанзивецот биеше по земја, а гостинскиот голман со крајни напори одбрани.
Второто полувреме не понуди кој знае каков фудбал. Охриѓани добро се бранеа и не дозволуваа возбудувања пред својот гол. Од малкуте прилики на натпреварот за издвојување се неколкуте корнери на Велазерими и ударите кои завршуваа над голот од Александар Ѓорѓиески.
Охрид во шестата рунда на домашен терен ќе го пречека составот на Вардар Форино.
Охрид: Симоновски, Вељаноски, Маркоски, Цуцули, Трпески, Ариф (75′ Дишлиевски) Алији, Ѓорѓиески, Кочоски (87′ Ристески) Реџепи, Целески (90 Наумовски)
Велазерими: Хавзиу, Би. Исени, Бе. Исени, Аљиу, Рамадани, Адили, Ибраими, Сејдини, Иљази (70′ Имери) , Рамани, Зендели