По неколку станови, куќи,банкарски сметки , хартии од вредност, шуми , скапи автомобили се дел од имотот на Охридските пратеници . Од куќи и станови во Скопје и Албанија до илјадници метри квадратни земјоделско земјиште и шуми е спектарот на недвижен имот на Охридските пратеници
Четворицата пратеници од Охрид ја пријавиле својата имотна состојба во Државната комисија за спречување корупција која изгледа вака :
Претседателот на СДСМ Охрид и Пратеник во собранието на Р.С. Македонија ЛАЗЕ ТАНЕВСКИ во анкетниот лист на ДКСК има пријавено: 2 Стана имот од брачен другар од кој едниот во Охрид 35м2 и другиот во Скопје 81м2 со проценета вредност од 4 милиони и 800 илјади денари , 3 Стана на негово име од кои 2 во Охрид 62м2 и 82м2 и еден во Скопје од 81м2 сите со вкупна вредност од 10 милиони и 500 илјади денари, 2 куќи стекнати со наследство и земјоделско земјиште во Арбиново од 23.228 м2 стекнати со наследство.
Подвижен имот Автомобили и слично не е пријавено , исто така Хотелот “Laki & Spa” кој самиот Лазе Таневски тврди дека тој е сопственик не е пријавен.
Кирил Пецаков пред 3 години како член на советот во Општина Охрид во својот анкетен лист нема пријавено ништо на негово име. Денес пријавени се 2 моторни возила од кои еден автомобил Шкода Кодиак во вредност од 2.074.000 денари и еден мотор марка Пиагио Беверли 300цц во вредност од 291.400.000 денари.
Четири Банкарски депозити – Имот на брачен другар од 50.143.00 Амерички долари , – имот на деца 5.934 Евра, Личен имот 2.200.00 Аустралиски долари, Денарски депозит 68,251,61 денари и Лизинг 1,317,330 денари.
Жаклина Лазереска пратеничката од СДСМ е со најголема листа на имот, становите и колите ги стекнала со Купопродажен договор а останатото е Наследство и тоа заедно со браченниот другар има пријавено 2 куќи во Охрид од кои едната 92 м2 во вредност од 2.000.000.00 денари а другата куќа 222м2 во вредност од 6.150.000.00 , градежно земјиште во село Вишни од 303 м2 , земјиште под објект од 37м2 и 95м2 во Струга,помошни објекти 29 м2 во Охрид во вредност од 400.00.00 денари , и моторно возило Пасат , на име на децата пријавен е стан со тераса во Скопје од 59м2 и вредност од 4.243.000.00 , Автомобили АУДИ А4 ,БМВ 530 и три кредити во вредност од 4.706.975 денари, на нејзино име пријавен е стан со тераса во Скопје од 68м2 и вредност од 4.500.000 денари , помошна просторија во Скопје од 9м2 во вредност од 326.565.00 денари, гаража во Скопје од 18м2 во вредност од 217.710.00 денари, Автомобил Фолксваген Поло вредност 120.000.00 денари , Земјиште во Белчишта од 47.890м2 , Шума во Песочан од 32.226 м2, кредит од 2.829.000 и 880.000.00 денари и друго во прилог анкетниот лист од ДКСК.
Лидија Петкоска пратеничката од Вмро Дпмне во својот анкетен лист има пријавено : Заеднички имот Куќа за одмор во с. Рамне Охрид во вредност од 3.000.00 денари , Банкарски депозит од кој не дал податок и сметка во Банка од 200.000 денари , Личен имот пријавен е само Моторно возило Автомобил Фолсфаген Пасат во вредност од 645.000.00 денари, Имот на брачен другар : Куќа во Охрид од 120м2 вредност 6.000.000.00 денари, Стан во Албанија во вредност од 2.000.000.00 денари, Лозје од 550м2 во Охрид 120.000.00 денари, Автомобил Цитроен Берлинго во вредност од 90.000 денари, Кредит од 300.000 денари,Хартии од вредност и други приходи од Закуп од викенд куќа и закуп од деловен простор .