Градоначалникот Константин Георгиески, заедно со претставници од Секторот за урбанизам, денес остварија средба со планерските куќи кои беа избрани на тендер за изработка на урбанистички планови за охридските села, Велгошти, Горно Лакочереј, Орман, Вапила, Љубаништа, Трпејца, Косел, Рамне, Сирула, Елшани, Лескоец, Опеница, Куратица, Лагадин, Долно Коњско, Долно Лакочереј, Подмоље и Горно Коњско.
На средбата беше констатирано дека најефикасниот начин за борба против дивоградбите е носењето на Деталните урбанистички планови.
Заинтересираните граѓани и правни субјекти кој гравитираат во овие опфати, своите идеи и предлози ќе можат да ги достават до Секторот за урбанизам преку архивата на општина Охрид.