Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на тековните инвестиции во училиштата кои Општина Охрид ги реализираше во насока на обезбедување на подобри услови за учениците. Со менаџерските тимови на училиштата, градоначалникот разговараше и за сите приоритетни потреби за подобрување на условите за настава, на кои треба да се работи во иднина.
Во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во моментот се изведуваат завршни активности за поставување на нова енергетски ефикасна фасада. Паралелно со овие активности, беше извршена и промена на дограмата во училишната работилница. Исто така во моментот се работи на реконструкција и молерисување на сите внатрешни ѕидови во училиштето. Според планираното, со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид во текот на наредниот период ќе биде извршена промена на подовите во сите училници. Инвестициите во ова училиште се реализираат со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид и Министерството за образование и наука. Минатата година, во овој училишен објект беше извршена промена на покривот, беше поставена нова дограма на целиот објект, беа реконструирани таваните во сите училишни простории и беше поставено ново лед осветлување.
Во ОУ „Христо Узунов“ градоначалникот направи увид на тековните инвестициски активности кои значително ќе придонесат за подобрување на условите за настава. Во моментот се изведува реконструкција на сите санитарни јазли. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 2,9 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Исто така во моментот се изведуваат активности за комплетна промена на дограмата во училишниот објект и спортската сала. Вредноста на проектот е 3 милиони денари, а Општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Наскоро, со средства од општинскиот буџет ќе се реконструираат подовите во сите училници. Минатата година во ова училиште беше извршена промена на стариот азбестен покрив со нов лимен покривач.
Градоначалникот беше во посета и на училишниот објект на ОУ „Браство“ во населба „Лескајца“ при што се информираше за сите приоритетни потреби за подобрување на условите. Во текот на наредниот период во овој училишен објект со средства на Општина Охрид ќе биде извршена реконструкција на водоводната линија, со што се очекува да биде надминат долгогодишниот проблем со загуба на вода. Исто така, според планираното во текот на наредниот ќе се изнајде и решение за проблемот со влага на дел од ѕидовите и ќе се изврши промена на дограмата во холот на училиштето. Инаку во овој училишен објект со средства на Општина Охрид, минатата година беше извршена комплетна реконструкција на покривот.
Исто така, во текот на изминатиот период Општина Охрид инвестираше во промена на дограма, реконструкција на подови, санитарни јазли и реконструкција на внатрешни ѕидови во уште неколку основни и средни училишта на подрачјето на општината.