Денеска започнаа градежни активности за поставување на првиот асфалтен слој на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.
Согласно проектот за реконструкција во текот на изминатиот период беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на коловозот. Исто така според планираното, на улицата ќе биде поставена соодветна сигнализација и осветлување.
Реконструкцијата на улицата е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од општинскиот буџет се издвоени околу 13 милиони денари.
Увид на градежните активности направи градоначалникот Константин Георгиески придружуван од надлежните во Секторот за комунален развој, сообраќај и улици.