Студентските домови во Охрид се отвораат за студентите. Домовите ќе функционираат според посебни протоколи, со ограничен број студенти.
Во студентскиот дом „Никола Карев“ сите соби се со 3 и 4 кревети и може да се сместат најмногу по две лица. Во домот има сеуште слободни места за уште 80 студенти. изјави деиректорот Жарко Куциноски.
Ученичкиот дом за средношколци Ванчо Питошески од 120 слободни места со кои располагаат во интернатот има доволно легла за пријавените ученици кои ќе бидат сместени во нивниот дом во учебната 2020/ 2021. Изјави Директорот Марјан Радески .
„ Број на ученици кои ќе бидат сместени во ученичкиот дом е 60 ученици. Во целост нема да биде исполенет капацитетот. Тие 60 ќе престојуват според сите протоколи кои се пропишани од МОН и ќе мора да ги почитуваат. Дополнително вишок на ученицие нема да ни се јави и во престојниот период ќе функционирае ако учениците ги почитуваат сите протоколи“.
За студентите и средношколците на кои ќе им бидат одбиени барањата за сместување, државата треба да им исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување. Месечно ќе се покриваат и трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се изведуваат студиите.