УТРЕ ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА “ЖЕЛЕЗНИЧКА И НА ДЕЛ ОД „ЕГЕЈСКА“ И „БУДВА“

Се известуваат  жителите на општина Охрид дека утре (10.10.2020 година) во период од 05:00 – 16:00 часот,   улицата  „Железничка“ целосно  ќе биде затворена за сообраќај  на автобуси и товарни  возила на потегот од Клучката   до кружната  крстосница кај Здружение на возачи.  Овие превозни средства ќе се пренасочуваат   на улицата   „ Туристичка “ од една страна и ул. „ 7 – ми Ноември “ од друга страна.

Во  овој период  по налог на Општина Охрид  АД „Илинден“ од Струга ќе реализира градежни активности за преуредување и асфалтирање  на четворокраката  крстосницата помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва “ во кружна, а ќе се воведе и нов   сообраќаен режим.

За останатите превозни средства и пешаци   забраната на  сообраќање и движење ќе важи од крстосницата  на ул. „Железничка“ со ул. „Кленоец“ и тоа  во насока кон Струга и  од  Клучката  на влезот од  Охрид кон  Ресен. Исто така забрана на сообраќај ќе има и на дел од улицата „Будва“ кој гравитира кон улицата Железничка и на дел од улицата „Егејска“ кој гравитира кон улицата „Железничка “.