ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ВО ПОСЕТА НА КОРЧА, РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денес престојуваше во официјална посета на Општина Корча, Република Албанија.

Како една од главните теми на кои се разговараше на работниот состанок со градоначалникот Сотираќ Фило беше процесот на утврдување на програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија во рамките на ИПА III програмата на Европската Унија за периодот од 2021 до 2027 година.

На состанокот се разговараше за потребата од дефинирање на заедничка стратешка визија за развој на општините Охрид и Корча која ќе биде во насока на иден прогрес на прекуграничниот регион.

Двајцата градоначалници се согласија дека креирањето и имплементирањето на заеднички проекти треба да биде во корелација со регионалните политики и истите треба да имаат позитивни придобивки за граѓаните од меѓуграничниот регион на двете држави.