ДИРЕКТОРКАТА НА ЈП ,,ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД,, КРИСТИНА КРЛЕСКА ДЕСПОТОСКА Е ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРУПАЦИЈАТА НА ПАЗАРИ

Директорката на ЈП Градски Пазар Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска е избрана за претседател на групацијата на пазари во рамките на Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Република Северна Македонија, во која членуваат сите организатори на пазари од државата.
-,,Функцијата Претседател на групацијата на пазари ќе ја извршувам одговорно и активно, во насока на зачувување на традицијата и културата на пазарење на зелените пазари како стил на живеење, зачувување на дејноста на зелените пазари, а приоритет ќе биде ставен на заштитата на закупците на тезги, како и заштита на самите организатори на пазари.
Поради тоа, во периодот што следи групацијата на пазари ќе иницира средби со надлежните институции во државата со цел да бидат запознаени со проблемите како и да се разгледаат сите можни излезни решенија.,, – истакна Директорката Крлеска Деспотоска.
Новото Раководство на групацијата на пазари уште во текот на вчерашниот ден ја оствари својата прва средба со Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на која беа изнесени проблемите кои се предизвикани од здравствената криза.
Директорката Кристина Крлеска Деспотоска претходно беше вклучена во одлагање на Законот за трговија на зелените пазари со кој се бараше секој закупец на тезга да има лиценца.