Почувствуван земјотрес во Охрид (Обновено)

Почувствуван земјотрес во Охрид

Во 03 часот и 05 минути  земјотрес во времетраење од неколку секунди   ги вознемири Охриѓани . ( наскоро повеќе информации )

(Обновено)

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија , епицентарот на земјотресот бил на 10 километри во длабочина, на 65 километри од  Пешкопеја.. Земјотресот освен во Охрид бил почувствуван и во Струга Ресен Битола ,Кичево , Дебар, како и во Скопје. Епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од 100 км од нашиот главен град.