Денеска во чест на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба делегација на СДСМ – Охрид во состав: Жаклина Лазаревска, пратеник, Елизабета Русеска, член на ЦО на СДСМ и Игор Јорданов, член на ИО на ОО СДСМ – Охрид се поклона и положи свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци во Градскиот парк.
На овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење, кои беа водени од своите идеали и принципи и преголема желба за формирање слободна македонска земја, сон остварен дури по НОБ и револуцијата.
Честит празник 23 Октомври!
ОО на СДСМ – Охрид