ЛИЧЕН СТАВ: ЕГИПКАНИТЕ КЕ ГО БОЈКОТИРААТ ПОПИСОТ, ДОКОЛКУ НЕ СЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНИ ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС

Египканите, како посебна , автохтона и автентична етничка заедница, имаат приоритетен интерес за валиден , транспарентен, и веродостоен попис, бидејки од валидноста и веродостојноста на спроведениот попис,како и структурата на Уставот на Република Македонија дава колективни и индивидуални права врз основа на застапеноста на малцинските етнички заедници во целокупното население, а ноторен факт е дека ЕГИПКАНИТЕ во смисол на правична и соодветна застапеност се речиси максимално игнорирани и незастапени, или застапени со 0,00001%, ,што е крајно разочарувачки факт, кој води кон ,,тивка асимилација,“.

Затоа, сметаме дека треба да има измени и дополнувања во Законот за попис, бидејки постоечкиот не ни гарантира реален и веродостоен попис, која е повеке од најсложена статистичка операција. Ако, кон горенаведеното се додаде дека нема ниту 1 деклариран а вработен Египканец, согласно духот на Охридскиот Рамковен Договор, повеке од јасно е во кој правец се движи државата.

Како, посебна и автохтона заедница, имаме интелектуален потенцијал да се вклучиме во овој процес, и истиот да биде инклузивен и веродостоен, со наши преставници во пописните органи.Ако, нема наши преставници во пописните органи, незнам колку истиот ке е веродостоен, а постои опасност Египканите да бидат злоупотребени.Во тој случај, најдоброто решение е бојкот на Пописот, истакна дипл правник Демир Далип , испратен во допис до редакцијата на Охрид Вест.