Категорија Охрид

ЗАСАДЕНИ 20 НОВИ САДНИЦИ ВО ОХРИД ВО РАМКИ НА АКЦИЈАТА „САДИМЕ ДЕНЕС, ЗА ОДРЖЛИВО УТРЕ“

Вкупно 20 нови садници од видот „црвена слива“ беа засадени денеска во Охрид во рамки на акцијата „Садиме денес, за одржливо утре“ рализирана од ТАВ Македонија во соработка со Општина Охрид.  Во акцијата за садење на дрвја учество зедоа градоначалникот…

Без пиротехника за побезбедни празници!

Министерството за внатрешни работи, апелира до граѓаните за време на Новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно…

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ПАТРОН НА ГРАДОТ ОХРИД

Во прекрасниот амбиент на црквата Св. Софија вечерва во Охрид се одржа централната манифестација, свечена академија во чест на  „Св. Климент Охридски- Патрон на градот Охрид.  Пред бројните гости од дипломатскиот кор,претставници од верските заедници во државава,  пратеници во Собранието…

ПОТПИШАНО ПИСМО СО НАМЕРИ ЗА ПРИЈАТЕЛСКА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОХРИД И ВЕСПРЕМ

На пригоден настан, денеска во Охрид беше потпишано Писмо на намери за пријателска соработка помеѓу Охрид и градот Веспрем, Република Унгарија. ‎Документот го потпишаа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Веспрем, Ѓула Порга, со што беше официјализирана заедничката…

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС ПОСВЕТЕН НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Градоначалникот Кирил Пецаков на пригодна свеченост која се одржа денеска пред споменикот на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад ги врачи наградите на учениците кои се автори на најдобрите литературни творби на литературниот конкурс  посветен на патронот. ‎Награди им беа…

ОХРИД СЕ ПОКЛОНУВА ВО ЧЕСТ НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Со поклон пред моштите на   Светителот и просветител  во манастирот Свети Климент и Пантелејмон утрово продолжија чествувањата за  Св. Климент – Охридски заштитник на градот Охрид. Свежо цвеќе пред споменикот на Великанот беше положено во дворот на ООУ „Св. Климент…

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ПРСТЕНОТ-СИМБОЛ НА ЗАВЕТ, СТАТУС И МОЌ-ОД ЕТНОЛОШКАТА РИЗНИЦА НА ОХРИДСКИОТ МУЗЕЈ“

Вкупно 80 прстени кои датираат од различни периоди на минатото на Охридскиот регион се дел од поставката на изложбата „Прстенот – симбол на завет, статус, моќ – од етнолошката ризница на охридскиот музеј“ која беше отворена денес во Куќата на…

ПРОМОВИРАНО ПРОШИРЕНОТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИДСКИ ЛЕТОПИС“ ОД ПРОФ. Д-Р ПАВЛЕ МИТРЕСКИ И М-Р ДИМИТАР СМИЛЕСКИ

Во рамките на чествувањата на Св. Климент Охридски, денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана заокружената целина на книгата „Охридски летопис“ од авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески. Со  издавањето на оваа книга, авторите истакнаа…

ООУ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНАТ

Со богата и свечена приредба, вчеравечер учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ го одбележаа патронатот на своето училиште. Темата на овогодинешниот настан беше „Бајките и приказните – мудроста на моето детство“. На свеченоста која се одржа во Центарот за култура „Григор…

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ: РАБОТИЛНИЦА ЗА ЛОКАЛНА МОБИЛИЗАЦИЈА И ФОРУМ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „RECIRCLE MED“

Претставници од јавниот сектор, академски и истражувачки институции, претставници на бизниси, туристички организации и други релевантни чинители од целиот регион беа дел од Локалната мобилизациска работилница и Форумот за Западен Балкан, кои во текот на изминатите два дена се одржуваа…