ЗАПОЧНА 15 МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДРУШТВОТО НА ФИЗИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА
Денес во Конгресниот центар во Охрид, започна четиридневната Меѓународна Конференција на Друштвото на физичари на Македонија. Во името на градот домаќин, пред присутните се обрати заменик градоначалникот Ана Крстеска. На конференцијата учествуваат над 80 реномирани научници од Македонија и светот.