Категорија Охрид

Центар за млади во Охрид “Ohrid Youth Hub” – бидејки акцентот на младите денес, е нашата иднина утре

Почитувани граѓани на Општина Охрид, Дојдовме на самиот крај на иновативна иницијатива иницирана од мене, а со поддршка на Швајцарска амбасада/агенција за развој и соработка (СДЦ), Национален Младински Совет на Македонија (НМСМ) во соработка со Меѓународна фондација за изборни системи…

Поставени 100 нови клупи за седење и 90 нови корпи за отпадоци во централното градско подрачје и на неколку јавни локации во Охрид

Поставени се околу 100 нови клупи за седење и околу 90 нови корпи за отпадоци во централното градско подрачје и на неколку јавни локации во Охрид, како дел од активностите за поставување на нова урбана опрема. Поставувањето на опремата се…

ПРОМОВИРАНО КАПИТАЛНОТО ДЕЛО „КНИГА ЗА ЧИНГО“

Градоначалникот Константин  Георгиески вчера,  доцна попладне во Конгресниот центар    присуствуваше на промоција на изданието „Книга за Чинго“ од професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорго –Димоски,  а во издание на Општина Охрид.  Настанот беше дел од 54. Летна школа на Меѓународниот…

ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НАЦРТ НА ЗАКОН ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО ЗА ПАРК НА ПРИРОДАТА

Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк за природата. Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на…

ПОВЕЌЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОЕМУЦ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“

Деновиве во рамки на средното училиште „Св. Наум Охридски“ се одвиваат повеќе градежни активности. Спортското игралиште целосно се реконструира, се поставува нова подлога, ракометни стативи, кошеви за баскет и мрежи за одбојка. Денес, градежни екипи вршат тампонирање на игралиштето, додека…

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како начин…

НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО OОУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Се гради ново детско игралиште во дворот  на OОУ„Григор Прличев“. На локацијата веќе се поставени најсовремени реквизити за забава и се врши поплочување на подлогата со бехатон плочки. На игралиштето ќе биде поставена и специјална гумирана подлога, која е во…

Казнети шест возачи на територијата на СВР Охрид кои управувале моторни возила под дејство на алкохол

Синоќа, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. – При тоа кај шест возачи било утврдено дека управувале моторно возило…

Пецаков: Одлични идеи за решавање на проблемите кои ги засегаат граѓаните, за промени и напредок, за нов развој на Охрид

Денеска имав можност да поразговарам со голем број граѓани кои на Градскиот плоштад под мотото ,,Биди и ти дел од развојот на Охрид” предложија свои идеи за програмата на локалните избори како кандидат за градоначалник на Охрид. Одлични идеи за…

ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ТРИБИНА НА СТАДИОНОТ “БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ” ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини денеска направија увид на завршните градежни активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион „Билјанини Извори“ во Охрид. Изградбата на трибината започна пред околу 17 месеци и до сега…