Поранешниот потпретседател на партија и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев преку прес конференции на општинските комитети ќе бара оставка од највисокото партиско раководство. Јанчев за Канал 5 вели дека на партијата и се неопходни промени кои што ќе почнат со смена на Мицкоски, а потоа и одржување на конгрес на кое членството ќе се изјасни кој ќе ја води партијата понатаму. Јанчев, се декларира себе како претендет за оваа функција.
Јанчев првично најави протест пред централниот штаб на партијата за понеделник, но вели по консултација со здравствените власти собирот, за кој што вели имало интерес од повеќе илјади лица, нема да се одржи.
Александар Пандов, претседател на неодамна формираниот Патриотски институт на ВМРО ДПМНЕ, во одговор на Јанчев го обвинува дека со оваа инцијатива одработува за власта во обид вниманието на јавноста наместо кон случувањата околу прашањата кои се од висока национален интерес да се насочи кон опозицијата.
Инаку, по објавата на Јанчев за протест општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци соопшти дека се оградува од постапките на градоначалникот. Јанчев вели тоа е по наредба на Централниот штаб и смета дека членството во Кавадарци го поддржува во барањето за промени.