Од денеска судските такси се намалени до осум пати, со што овозможуваме правдата да е подостапна за граѓаните.
Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот.
Луѓето на кои им беше потребна правда, поради високите трошоци често се откажуваа да ја бараат во судниците. Тоа ќе се промени, граѓаните ќе можат да стигнат полесно до правда.
Она што го ветивме во Програмата за работа на Владата 2020-2024, го исполнуваме. Продолжуваме да работиме за да има правда достапна за секого и правна држава во која сите ќе бидеме еднакви пред законите.