Имаме силна и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување со земјите од регионот и треба да ја зграпчиме оваа шанса и да ја искористиме за доброто на сите граѓани.
Новата динамика во процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, пакетот за проширување од Европската комисија и сериозниот Економски и инвестициски план, заедно со напорите на Германското претседателство со Европскиот совет, е извонредна можност регионот на Западен Балкан сигурно да напредува кон ЕУ.
Пандемијата уште повеќе го обедини Западниот Балкан во борбата против невидливиот непријател, донесувајќи толеранција и соработка и создавајќи заедничка свесност дека хуманоста има предност пред политиката. Убеден сум дека со постигнатите резултати во текот на оваа година успеавме да ја збогатиме регионалната соработка и да го приближиме регионот кон ЕУ.
На отворањето на лидерскиот Самит за Западен Балкан во Софија се обративме со премиерот Борисов, а свои обраќања имаа и канцеларката на СР Германија, Ангела Меркел и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.