ФУДБАЛЕРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 10.000 ЕВРА НАГРАДА ОД ДРЖАВАТА, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

Фудбалските репрезентативци ќе добијат по 10.000 евра награда од државата за пласман на Европското првенство во 2021.

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша дека вечерва на седница на Владата e донесена одлука од буџетските резерви да се наградат сите членови на македонската фудбалска репрезентација за историскиот успех.

Фудбалската репрезентација вечерва по победата над Грузија од 1:0 во финалето на Лигата на нации, за првпат во својата историја избори пласман на Европско првенство.

Македонија ќе игра во група со репрезентациите на Холандија, Австрија и Украина. Првите два натпревари на 13 и 17 јуни нашата репрезентација ќе ги игра во Букурешт, Романија, а на 21 јуни против Холандија во Амстердам.

Европското првенство требаше да се одржи во јуни и јули оваа година, но поради пандемијата на коронавирусот беше одложено за 2021.