ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИНИСТЕРКАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА Р.БУГАРИЈА , Г ЃА ЕКАТЕРИНА ЗАХАРИЕВА: И, НИЕ ЕГИПКАНИТЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА, МОРАМ ДА ПРИЗНАМ ,ОЧЕКУВАВ КАКО СОСЕДИ, ДА НИ ПОМОГНЕТЕ, А НЕ ДА НЕ БЛОКИРАТЕ КОН ПАТОТ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ…

Демир Далип со отворено писмо до министерката Захариева.

Почитувана Министерке Захариева,
Дозволете ми, на самиот почеток, да го искажам личното незадоволство и разочараност, што како соседна земја, вие или Премиерот на Бугарија или пак Каракачанов, не се одважи ДА НИ ГО ЧЕСТИТАТЕ ПЛАСМАНОТ НА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО, како што тоа го направи Претседателот на Србија, г динот Александар Вучиќ…И, тоа не преставува никакво ,,изненадување,, од ваша страна кога се обидувате, на сите можни начини да ни го попречите нашиот пат, потенцирам на државјаните на МАКЕДОНИЈА кон ЕУ. И, сакам да ве замолам, за кои ,,ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ,, вие се залагате, и дали воопшто ги почитувате и негувате, кога не го почитувате правото на вашите грагани да се изјаснуваат онака како што се чуствуваат, и врз основа на тоа да гиплодоуживаат правата и слободите-ДА-МИСЛАМ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА…!!!
И, верувам дека ги читате статусите,коментарите, ставовите на угледни грагани и државјани на Македонија, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци , ете сега и Египкани дека НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА….!!!
Дозволете ми, да ве прашам, како ли вие че се чустввате, ако јас од вас барам наместо Екатерина да се викате Катерина???
На мнение сум дека ДА, вие како Бугарија , грубо ги кршите човековите права и слободи и ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ.ДА, вие кои треба безрезервно и безусловно да ни дадете подршка на патот кон ЕУ, и не само на нас, туку на сите Балкански држави.Ова, то го правите, верувајте не ви оди во прилог на долги патеки, напротив.И, не заборавајте, ОВА Е НАШЕ ВРЕМЕ….Тоа, нашите фудбалери ви го докажаа, и ве уверувам тоа ке ви го докажат и сите лојални грагани и државјани на МАКЕДОНИЈА-БИДЕЈКИ МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА….!!!
Со почит,