35 годишен пациент заболен од корона е најмладата жртва во последните 24 часа. Статистиката бележи еден починат од Охрид, како и еден 37-годишен пациент од Струга кој ја изгубил битката со корна-вирусот.
-Починати се 26 лица, осум пациенти од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67г), еден од Куманово (80г), еден од Штип (67г), двајца пациенти од Прилеп (73 и 60г), двајца од Тетово (71 и 56г), двајца од Струга (68 и 37г), двајца од Велес (76 и 55г), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82г), тројца од Охрид (46, 67 и 35г) и еден пациент од Гостивар (53г). Сите пациенти се починати во болнички услови – стои во статистиката на Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 3081 тестирања, а регистрирани се 1198 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-572, Куманово-41, Дебар-1, Штип-49, Прилеп-53, Тетово-28, Струга-34, Велес-42, Битола-92, Охрид-42, Кавадарци-18, Гостивар-11, Гевгелија-3, Струмица-34, Крива Паланка-11, Радовиш-6, Крушево-6, Кочани-14, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Пехчево-7, Берово-19, Валандово-9, Виница-11, Делчево-11, Кратово-5, Свети Николе-20, Кичево-33, Ресен-4, Неготино-11.