Со своите постапки, ВМРО-ДПМНЕ предводени од губитникот Христијан Мицкоски, веќе никој не може да ги сфати за сериозни. Нивните обиди за театралност не можат да ја надоместат празнотијата во која е западната опозициската партија, се вели во Реакцијата од СДСМ на изјава на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие во истакат додаваат:
ВМРО-ДПМНЕ е единствената опозиција во светот што бара оставки а бега од избори, затоа што има уплав од соочување со граѓаните.
Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ изгубија парламентарни, локални, претседателски избори, бојкотираа референдум, сега бегаат од локални избори во Штип и згора на се бараат широка Влада. Без никаков легитимитет, без мандат од граѓаните, бараат да бидат дал од власта.
А во меѓувреме ја саботираат борбата на здравствените власти со “Ковид-19”, ја саботираат дипломатската стратегија за преговори со ЕУ, ја саботираат економската стратегија за справување со последиците од пандемијата и постојано се на погрешната страна!
Секојдневно се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ е антинародна, антидржавна партија. Партија која ја злоупотребува смртта и тагата на граѓаните за партиски интереси, за да го штити криминалот на своите функционери . Со такво однесување уште долго остануваат во опозиција, се вели во реакцијата од СДСМ.