Агенцијата за лекови го одобри увозот на антивирусниот лек Фавира, медикаментот кој се повеќе го бараат болните од Ковид-19.
Тој во земјава треба да пристигне од понеделник и да им биде достапен на македонските пациенти.
Од агенцијата за лекови велат дека зелено светло дале по барање на докторите. Но дали и кога ќе се најде во аптеките, за тоа требале да одлучат надлежните.
Досега овој лек на големо нелегално се продаваше во Македонија, а се купуваше во Косово и Босна и Херцеговина, а цената само за едно кутивче била од 75 до 100 евра.
Неодамна министерот за здравство Филипче изјави дека во нашите болници има доволни количества на лековите ремдесивир и фавипиравир, но и други потребни медикаменти со кои се третираат болните од ковид.