Трипати повисок данок за втор стан,деловен простор што не се користи и куќа што не се живее

Во интервју за Дојче веле премиерот Зоран Заев најави дека наскоро ќе објави дебата за измени на законот за даноци на имот.

За втор стан, за куќа во која не се живее, или за деловен простор што не се користи, данокот на имот треба да биде поголем за трипати во однос на просторот кој се користи. 

– ставаме трипати повисок данок на имот за сите што имаат втор стан, трета куќа, деловен простор,земјоделско земјиште како и државен имот сѐ што не е искористено, пред сѐ од државата – вели Заев.