„Мицкоски или Македонија?!? – Единствен начин да ја ослободиме Македонија од владеачката гарнитура на чело со Зоран Заев е само ако Христијан Мицкоски се тргне од ВМРО ДПМНЕ. Буквално, ако денес Мицкоски не е лидер на таа партија, за шест месеци Заев нема да биде ниту премиер, ниту лидер на СДСМ, се вели во соопштението на „Македонски концепт“ на Петар Богојески.
Сега е вистински момент, се истакнува во дописот, „за Мицкоски да покаже дали е вистински партиот кој би ги ставил интересите на државата и народот пред личниот интерес по секоја цена да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ.
– Вчера на протестот без луѓе, организиран од Мицкоски, во присуство на „левата секта”, Мицкоски нè повика нас десничарите да сме го поддржеле во борбата за Македонија. Ок бре Христијане, еве те поддржуваме, веруваме во тебе и ти кажуваме, дај заедно да ја спасиме Македонија од Заев. Поднеси си оставка, ти или ние не сме битни, битна е Македонија, ќе ја реорганизираме опозицијата за еден месец и Заев е минато за шест месеци од денес, порачуваат од „Македонски концепт“.