Премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави пост во кој нагласува дека во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик! Постот Заев го објави два часа од како високиот американски дипломат Филип Рикер му успрати писмо во кое се нагласува дека Северна Македонија преговорите ќе ги започне во претседателството на Германија.
Постот на Заев е пропратен со пропаганден постер на кој пиува „Македонската иднина е европска“.
Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот. Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре. Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска. Во тоа име, продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски.
Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик!