Проверете со колкумина го делите истото презиме.

Дали некогаш се прашувате колкумина во светот го носат вашето вашето презиме? Имате ли уникатно презиме или едно од поретките во нашиов регион? Одговорот е тука.

Сајтот “Forebears“ кој има база од околу 11 милиони презимиња може да ви го открие овој интересен податок.

Не само што ќе ви открие колку луѓе со вашето презиме живеат во одредена земја од светот, туку овој сајт дава и информации за тоа кои се најпопуларните презимиња во некоја држава.

Доколку сакате да дознаете каде го има вашето презиме кликнете тука и внесете го презимето во полето за пребарување. Доколку сакате да ја видите целата листа на презимиња, тоа можете да го направите тука.