ДАНИЛОВСКИ ЗА СЛАВИТЕ: Апелирам тие чествувања да бидат со високо ниво на свест

Eпидемиологот Драган Даниловски се плаши дека претстојните слави ќе донесат епидемиолошки ризици. 
Даниловски вели  дека народот кај нас во просек исто како и во други земји има менталитет со отсуство на емпатија, сочувство и совест.


„Се плашам дека тоа што следуваат славите ќе донесе нови ризици. Апелирам тие чествувања да бидат со високо ниво на свест“, рече Даниловски   во Студио 10 на Тв 24 и потсети дека и црковните власти повикаа во црква да се влегува со маска.

Објасни дека оваа пандемија ги исфрли на површина сите недостатоци и наведе дека кафулињата се полни иако се апелира да нема групирања.