94-годишната партизанка Ратка Бакалиноска од Битола, се сеќава дека како 16-годишна ученичка била измачувана во затвор од бугарската окупаторска фашистичка власт и се прашува дали и тогаш, а и сега, таа власт може да се нарече неокупаторска, ослободителна и антифашистичка?
Поттикната од актуелното вето на Бугарија за влезот на Македонија во ЕУ, при што, меѓу другото, Бугарија го оспорува ословувањето на нејзината власт во Македонија од 1941-44 како окупаторска и фашистичка, Бакалиноска ја раскажа својата лична приказна за животот под бугарска окупација, објави СДК.МК.
Во разговорот со „СДК“, 94-годишната партизанка открива како паднала во рацете на бугарските агенти, со какви методи се служеле при испрашувањето, како ја притискале да ги предаде своите другари, како и да се пријави за Еврејка, а на секој одговор дека е Македонка добивала дополнителен затвор и изолација во соба со глувци. И сето тоа на нејзини 16 години, кога и заминува во партизани со надеж дека во ослободена Македонија ќе може да ја заврши учебната година…
Сведоштвото на Бакалиноска Прочитајте го ТУКА.