Од идната година се спушта возрасната граница за достапноста на услугата лична асистенција од 18 на шест години, за деца со потешка или најтешка физичка попреченост или со целосно оштетување на видот, истакна премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил.
Тој нагласи дека средствата за личните асистенти ќе се обезбедат од Буџетот и оти тоа ќе придонесе за стекнување со образование на децата со попреченост, како и нивна социјализација и развој на еднаква основа со нивните врсници и иден активен граѓанин во општеството.
– По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, се обратив на Онлајн тркалезна маса на тема: „Трансформација на општеството: Заедница за сите”. Ве уверувам дека ги движиме работите во вистинска насока и дека како одговорни носители на политики, ќе продолжиме да правиме сѐ за лицата со попреченост и секогаш заедно со нив, потенцираше Заев .