Стружани за во сабота во 11 часот најавуваат протести, за како што велат состојбата со водоснабдувањето во градот, која е неподнослива. Велат дека во време на пандемија, локалните власти ги оставиле без нормално и постојано снабдување со вода за пиење. Веќе неколку дена целиот град е без вода од 22 часот до пет часот наутро, а водата која што ја добиваат преку денот била со слаб притисок.
„На ваков чекор се одлучивме затоа што веќе подолго време се одолговлекува овој проблем, а можеби и години наназад. Мора да се реши овој проблем. Не можеме да живееме без вода, со деца, со постари лица. Со шишиња полнење. Се вративме многу назад некако. Град на две води, а сме без вода“, рече Дејан Јанкоски, организатор на протестите.