Министерот Оливер Спасовски најави засилени контроли по викендиците, становите и апартманите и рече дека никој нема да биде изземен од одговорност доколку организира журки и забави со групирања. Тој повтори дека ваквите дејствија подлежат на кривична одговорност за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните.
Уште еднаш апелираме, да прославуваме одговорно, да го сочуваме здравјето на граѓаните. Еве имаме тендеција на намалување на ширењето на виросот, затоа да бидеме дома за празниците, да бидеме безбедни. Секој кој нема да почитува, било тоа да е сопственик на вила, куќа или граѓани кои учествуваат во тие настани на сите ќе им бидат поднесени кривични пријави за нарушување на здравјето на граѓаните. Ова е оперативен план, го разработвуваат полициските служби и согласно него секаде и во секое време, имаме екипи и тие се подготвени да излезат на терен по секоја дојава, сознание или пријава. Откако ќе се констатира одговорност полицијата го известува Јавниот обвинител и тој постапува согласно законските прописи – рече Спасовски.
Што се однесува до растурената журка во Волково, Спасовски рече дека има приведени лица кои биле дел од ораганизацијата на настанот и најави повеќе детали во текот на утрешниот ден.