На денешната седница Владата донесе одлука за итна финансиска помош во висина од 6.000.000 денари за ублажување на штетите од земјотресот што денеска ја погоди Република Хрватска.
- Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња. Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. 🇲🇰🇭🇷
До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите.
Фб – статус Зоран Заев