Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговораше на неговиот сопартиец Јован Митрески околу Законот за марихуаната. Премиерто рече дека прво сериозна дебата, за да се слушне и гласот на народот, иако негов личен став е дека треба да се случи поскоро.
-Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично. Целта е да се овозможи на секој граѓанин на пример од две до три стебла, под контрола на агенцијата којашто е предвидена во самиот закон, за сопствена потреба да може да ги користи или пак може да ги делегира на компанија да ги одгледува за него како што и сега се бележи секое стебленце со посебен број со посебна контрола или слично – изјави премиерот Заев.
Заев посочи дека со легализација на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и се прави развој на одредени стопански гранки.