Ова се новите правила за електричните тротинети, кои важат од 1 јануари 2021 година.
-Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст.
– Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци.
– Возачот на електричен тротинет не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 km/h.
– Возачот на електричен тротинет не смее да се движи по тротоар, пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци со брзина поголема од 6 km/h.
– Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото.
– Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото.
– Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото.
– Возач на електричен тротинет, за времето додека управува со возилото не смее да води животни.
– На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна.
Казните предвидени со законот се движат од 50 до 120 евра во зависност од тежината на прекршокот, а највисоката казна од 120 евра е предвидена за возење со брзина поголема од дозволената.
Повеќе информации тука : https://mvr.gov.mk/zakon/30