Со 62 гласа за, и со бадентерово мнозинство Собранието го донесе законот за попис по една недела откако заврши расправата по него. За законот гласаа пратеници од коалицијата на СДСМ, ДУИ и од опозициските Алтернатива и Алијанса на Албанците.
ВМРО-ДПМНЕ имаја забелешки кои реагираа дека со овој закон пописот ќе биде политичка наместо статистичка операција, дека се сомневаат во предвремено договорање на пописните резултати меѓу коалициските СДСМ и ДУИ
Пописот треба да се спроведе во првите три недели од април, државјаните надвор од државата ќе можат да се попишат преку електронска пописница.