Од како успешно го замена осветлувањето во Охрид ИЦС Системи потпиша договор со Куманово, а од сега и со Валандово .
Во наредниот период во општина Валандово треба да отпочне постапката за замена на сегашното со ново улично осветлување кое ќе биде енергетски ефикасно со ЛЕД светлики. Првиот човек на општината Перо Костадинов го потпиша договорот за јавно приватно партнерство со ЕСКО компанијата – ИЦС Системи која во наредните години ќе треба да се грижи за уличното во ова општина.
Како што објави градоначалникот на Валандово Перо Костадинов станува збор за инвестиција која ќе треба да го замени сегашното старо и дотраено улично со ново економично кое ќе придонесе за заштита на животната средина. При тоа нема да се потрошат општински пари а новото улично ќе се отплаќа од заштедите што ќе се прават а по извесен период општина ќе го добие.
Повеќе на следниот линк: